сабота, 27 јули 2024

Хутите им наредија на Американците и Британците да го напуштат Јемен, им дадоа рок од еден месец

Власта на Хутите во Јемен на американскиот и британскиот персонал на Обединетите нации и хуманитарните организации кои дејствуваат во Сана им наредија да ја напуштат земјата во рок од еден месец. Одлуката е донесена по нападите од Соединетите Американски Држави и Британија врз воени цели на проиранските бунтовници кои напаѓаат комерцијални бродови во Црвено Море, кои се поврзани со Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американската влада минатата недела ги врати Хутите на листата на терористички групи во рамки на напорите на Вашингтон да ги сопре нападите врз бродови во Црвено Море. Хутите порачаа дека напаѓаат бродови за да се солидаризираат со Палестинците додека Израел го бомбардира Појасот Газа.

„Министерството сака да истакне дека мора да ги известите функционерите и активистите со американски и британски државјанства да се подготват да ја напуштат земјата во рок од 3 дена“, се наведува во писмото кое на Питер Хокинс, заменик координаторот за хуманитарна помош на ОН во Јемен му го испратило министерството за надворешни работи на Хутите.

Во писмото им се наредува на странските организации да не вработуваат американски и британски државјани за работа во Јемен.

Портпаролот на Хутите Мухамед Абдулсалам за Ројтерс ја потврдил веродостојноста на писмото. Кабинетот на заменик координаторот Хокинс, кој и самиот е британски државјанин, не одговорил на барањата за коментар.

Американската амбасада во соопштение објави дека е свесна за извештаите за писмото, но дека „не може да зборува во име на ОН или хуманитарните организации во Јемен за тоа што они можеби го добиле од хутската власт“. Британската амбасада кажа дека на вработените сè уште не им е наложено да ја напуштат земјата и дека се во тесен контакт со ОН околу тоа.

Хутите управуваат со голем дел од Јемен по речиси десетгодишната војна против коалицијата предводена од Саудиска Арабија и поддржана од САД. Борбите главно престанаа, но спротивставените страни официјално го обновија договорот за прекин на огнот, посредуван од ОН.

Американски и британски воени авиони, бродови и подморници извршија низа воздушни напади низ Јемен како одговор на нападите на Хутите, поради кои бродовите се приморани да го избегнуваат Црвено Море, најбрзата поморска рута од Азија до Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ