среда, 23 октомври 2024

Хутите гаѓаа брод во Црвено Море

Брод во Црвено Море утринава бил цел на напад, наводно, извршен од јеменските бунтовници Хути.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Два проектили го погодиле бродот, а третата експлозија се случила во близина на бродот, соопшти британскиот воен поморски трговски оперативен центар.

„Во тек е контрола на штетите. На бродот нема жртви и се движи кон пристаништето“, се наведува во соопштението.

Хутите не ја презедоа веднаш одговорноста за нападот. Меѓутоа, понекогаш им се потребни неколку часа, па дури и дена.

Од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година, Хутите гаѓаа повеќе од 80 брода главно поврзани со Израел и неговите сојузници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ