сабота, 27 јули 2024

Хутите гаѓале американски разурнувач во Црвено Море

Американската војска соопшти дека проектил кој го испукале јеменските бунтовници Хути бил пресретнат на југот на Црвено Море.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бунтовниците испукале противбродска крстосувачка ракета кон разурнувач на американската морнарица околу 16:45 часот по локално време вчера, објави денес регионалната команда на американската војска во раните утрински часови на социјалната мрежа Икс.

Проектилот го пресретнале американските воздухопловни сили во близина на јеменскиот крајбрежен град Ал Худаид. Нема извештај за жртви или штета.

Од избивањето на војната на Израел во Газа против палестинската група Хамас, Хутите, кои ги поддржува Иран, напаѓаат бродови во Црвено Море.

Големите бродски компании сè повеќе ја избегнуваат таа рута. САД и Британија неодамна нападнаа позиции на групата во Јемен, со поддршка од Холандија, Канада, Австралија и Бахреин.

Претходно вчера лидерот на либанското движење Хезболах, Хасан Насралах, кажа дека неодамнешните американски напади на Хутите во Јемен ќе му наштетат на бродскиот превоз во Црвено Море.

„Неодамнешната агресија на Јемен претставува американско-британска глупост и американска недоследност“, кажа Насралах во телевизиското обраќање. „Во исто време додека Американците повикуваат да не се шири војната, тие ја прошируваат. Она што Американците го направија во Црвено Море му штети на меѓународното пловење во целина“, додаде шефот на Хезболах.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ