вторник, 18 март 2025

Хуманитарна акција на македонските иселеници во Австралија за семејствата на настраданите во Кочани

Македонските иселеници во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс се солидаризираат со семејствата на настраданите во големата несреќа што се случи во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Клубовите на иселениците во Сиднеј и другите градови во тој дел на Австралија упатија повик до сите хумани луѓе в сабота во што поголем број да дојдат да го проследат фудбалскиот натпревар што македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ го игра против „Блектаун сити“.

Предвидено е сите средства од продадените влезници, како и донациите што ќе бидат собрани по натпреварот да бидат наменети за помош на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

Натпреварот во Сиднеј се игра во рамки на седмото коло од првенството на Националната  премиер лига на Нов Јужен Велс.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ