Како што информираат од Кабинетот на Гаши, Јандроковиќ го пренел сочувството од Саборот и народот на Хрватска за трагедијата во Кочани, изразувајќи подготвеност за помош.
Гаши изразил благодарност за поддршката, вклучително и за помошта при хоспитализацијата на повредените од пожарот во кочанската дискотека Пулс.
Претседателот на Собранието Гаши деновиве добил писма со сочувство од земјите од регионот и од Европа, вклучително и од претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, како и од бројни меѓународни организации.