вторник, 22 октомври 2024

Хрватскиот претседател: Не сум против воениот рок, но тоа не може без мене

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој е и врховен командант на оружените сили на Хрватска изјави денес дека нема ништо против враќањето на задолжителниот воен рок, но го праша премиерот Андреј Пленковиќ дали мисли тоа да го прави „на сила“, без него имајќи предвид дека е потребно да се донесат некои укази.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Го повикувам Пленковиќ, а не (министерот за одбрана Иван) Анушиќ бидејќи тој е само извршител на Пленковиќ, да се разговара за тоа. не сум против воениот рок, но треба да се донесат соодветни укази. Мислите да ги донесете указите без мене? Како го замисливте тоа? На сила?“, праша Милановиќ.

Хрватската влада најави враќање на задолжителниот воен ро од 1 јануари следната година, а Милановиќ смета дека тоа не е идеја за отфрлање, но праша колку луѓе планира Хрватска да мобилизира.

„Јас одговарам за општата состојба на војската, не Пленковиќ и Анушиќ. Советот за одбрана ќе се состане и за тоа ќе се разговара, го свикуваме Пленковиќ и јас, тоа е сосема јасно. Немам никакво негативно мислење кон идејата, но мора да видиме што фали“, наведе Милановиќ.

Милановиќ праша кој смислил воениот рок да трае осум недели. „Осум недели се основата, потоа мора да се специјализираат“, смета претседателот на Хрватска и додава дека „ништо од тоа не може без договор“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ