сабота, 27 јули 2024

Хрватскиот претседател Милановиќ поднесува оставка, ќе биде кандидат за премиер

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ неколку часа откако го објави датумот на изборите (17 април), ненадејно се појави на конференција на партијата СДП и ќе биде кандидат за премиер. Како што неофицијално се дознава, наскоро ќе даде оставка на функцијата претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе собереме мнозинство за влада на национален спас. Во животот на секој од нас постојат моменти кога треба да се излезе од зоната на комфорот. Тој момент тропна на мојата врата“, кажа Милановиќ.

„Ветувам како и некогаш решителна и чиста власт“, додаде хрватскиот претседател.

„Со мене знаете на што сте“, истакна тој. „Сите чесни луѓе ги повикувам на обединување. Реките на правдата доаѓаат. Ќе се излеат на пролет“, порача Милановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ