вторник, 10 декември 2024
Цел Балкан треба да им симне капа

Хрватски третолигаш „растура“ на трансфер пазарот, сега продаде играч за 5,2 милиони евра

Познатиот новинар, Фабрицио Романо објави дека РБ Лајпциг се сложил да плати 5,2 милиони евра за талентираниот Дино Клапија, кој е играч на хрватскиот третолигаш Кустошија.

Објавено на

часот

Сподели

Во светот на фудбалот се вртат многу пари, придобивките се големи, особено за оние што знаат да работат.

Еден таков пример е Кустошија, хрватскиот третолигаш продава играчи за милионски суми.

Минатото лето од овој клуб пазареше Барселона, „каталонците“ платија 5+ милиони евра за да го ангажираат перспективниот дефанзивец Микаил Фаје.

Овој месец Кустошија ќе реализира нова одлична зделка, како што пренесува Фабрцио Романо, РБ Лајпциг ќе го ангажира талентираниот Дино Клапија.

„Биковите“ ќе платат 5,2 милиони евра за момчето родено во 2007 година, плус Кустошија ќе добие 10% од следниот трансфер.

Дино Клапија е роден во САД, а минатата година пристигна во Хрватска од академијата на Њујорк Сити. Динамо Загреб била неговата прва дестинација но „модрите“ го откачиле за брзо време, и сега веројатно жалат за овој потег.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ