Како што јавува Јутарњи лист, уапсен е Владан Сретеновиќ, кој во Србија отслужил 15-годишна затворска казна за убиство во 1998 година, а сега по него е распишана потеница за претепување во 2016 година. Инаку, за затворските денови на Сретеновиќ пред три години била снимена една од епизодите на српската документарна серија „Зад бравата“, во која тој зборува за затворското искуство.
Српските власти сега по него распишале потерница за отслужување затворска казна од 1,5 години за тешко повредување маж во бар во јуни 2016.
По апсењето Сретеновиќ треба да биде одведен пред суд во Загреб, каде треба да се изјасни за српската потерница, односно да каже дали се противи на екстрадиција. Судот ќе одлучи дали ќе му одреди екстрадициски притвор.