сабота, 27 јули 2024

Хрватски европратеници бараат мерки на ЕУ против Србија поради Косово

Повеќе хрватски европратеници повикаа за време на расправата во Европскиот парламент за ситуацијата на северот на Косово воведување мерки против Србија поради судирот на локалните Срби со косовската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

„Видовме рестриктивни мерки за Косово. Најмалку исти или поголеми треба да се применат на Србија по неодамнешните настани“, кажа Тонино Пицула на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Европската комисија поради непочитувањето на барањата на ЕУ презема мерки против Приштина вклучувајќи прекин на работата во работните тела во рамки на договорот за стабилизација и асоцијација и ги повлече поканите на состаноците на високо ниво и го суспендираше Косово од својата програма за помош од 7,5 милијарди евра.

„Нашата политика мора да биде кохерентна. Не можеме да имаме дивергетни политики меѓу државите членки“, додаде тој.

Пицула за Хина кажа дека настаните на Косово не се еден локален инцидент, „туку тоа е настан кој може да претставува своевидна пресвртница не само во односите на Белград и Приштина туку сигурно ќе влијание и на позиционирањето на ЕУ“.

Жељана Зовко порача дека Србија мора веднаш да преземе „решителни чекори за да ги смири политичките и етничките тензии“, меѓу кои и повлекување на воените сили во близина на границата со Косово.

Српското дејствување „не може да остане без одговор и бара јасна и силна реакција“, кажа Зовко додавајќи дека е „премината една црвена линија“.

Ладислав Илчиќ кажа дека неодамнешните настани покажуваат дека „Србија е главната причина за нестабилноста на Косово“.

„На ист начин пред 30 години со напад на српски милитантни на хрватската полиција почна српската агресија на Хрватска и затоа воопшто не смееме да ги омаловажиме настаните на Косово“, кажа тој. Истакна дека српскиот претседател Александар Вучиќ Заедницата на српски општини на Косово би ја користел за дополнително дестабилизирање на Косово.

„Затоа сега никаква српска политичка автономија не е можна. Вучиќ не се грижи за добрите односи на Албанците и Србите на Косово. Сака да го задржи Косово слабо и нестабилно и така да ја одржи надежта дека еден ден воено ќе го врати во Србија“, додаде, истакнувајќи дека ЕУ треба „јасно и цврсто да каже не на таквата српска политика“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ