среда, 23 октомври 2024

Хрватската полиција упаднала во министерството за култура поради незаконско трошење на парите од ЕУ фондовите

Хрватската полиција утринава по налог на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) упаднала во министерството за култура и медиуми во врска со истрага за случај на незаконско трошење пари од фондовите на Европската Унија на Геодетскиот факултет во Загреб.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што неофицијално дознава Јутарњи лист, истражителите, со соодветни налози, влегле во соодветното министерство за да извршат претреси на канцелариите на службеници на министерството за кои постои сомнеж дека учествувале во незаконски дејства. Официјални информации за претресите нема и не е објавено кои се потенцијалните осомничени. Но, наводно, под лупата на истражителите се високорангирани луѓе од министерството за култура на Хрватска.

Според засега достапните информации, никој не е уапсен, туку истражителите собираат податоци, пред сè за електронската кореспонденција од компјутерите и мобилните уреди на одредени лица.

Хрватската полиција по налог на Европското обвинителство во јануари повеќе пати влегуваше во министерството за култура, од кое собрале документација врзана за проекти н а Геодетскиот факултет, чии поранешни први луѓе Алмин Џапо и Бошко Прибичевиќ на почетокот на ноември беа осомничени за извлекување на милиони евра од ЕУ фондовите.

Според медиумите, актуелната министерка за култура Нина Обуљен Коржинек „со лична одлука и без тендер исплатила 19,1 милион куни со ДДВ на Геодетскиот факултет за длабинско снимање на згради по големите земјотреси кои во 2020 година ја погодија Хрватска“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ