петок, 26 јули 2024

Хрватска со победа над Германија го заврши настапот на Европското првенство

Хрватска го заврши Европското првенство како што го почна, со победа над фаворит, овојпат ја совладаа Германија со 30-24, триумфот беше без резултатско значење.

Објавено на

часот

Сподели

Пред почетокот на денешното коло Хрватите беа во една необична ситуација. Мораа да загубат од Германија за сигурно да играат во квалификациите за Олимписките игри, но тоа се промени пред да почне нивниот меч откако претходно Австрија загуби од Исланд.

Хрватите растеретени од секаков притисок ја победија Германија со 30-24. Разликата беше создадена уште во првото полувреме кога коцкестите го добија со 17-10.

Поранешниот вардарец, Игор Карачиќ, беше најефикасен во хрватската селекција со шест голови, додека Дувљак и Кларица постигнаа по четири. Гола и Хејман со по четири погодока беа најпрецизни кај Германија. Јунак во победничкиот тим беше голманот Доминик Кузмановиќ, кој имаше дури 22 одбрани од 46 шута (48-отсто).

Утре е слободен ден на ЕП, а возбудувањата продолжуваат задутре со полуфиналните дуели во Келн помеѓу Франција и Шведска односно Германија и Данска. Во предигра на овие две пресметки, Унгарија и Словенија ќе ги одмерат силите во битката за петтото место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ