Пред почетокот на денешното коло Хрватите беа во една необична ситуација. Мораа да загубат од Германија за сигурно да играат во квалификациите за Олимписките игри, но тоа се промени пред да почне нивниот меч откако претходно Австрија загуби од Исланд.
Хрватите растеретени од секаков притисок ја победија Германија со 30-24. Разликата беше создадена уште во првото полувреме кога коцкестите го добија со 17-10.
Поранешниот вардарец, Игор Карачиќ, беше најефикасен во хрватската селекција со шест голови, додека Дувљак и Кларица постигнаа по четири. Гола и Хејман со по четири погодока беа најпрецизни кај Германија. Јунак во победничкиот тим беше голманот Доминик Кузмановиќ, кој имаше дури 22 одбрани од 46 шута (48-отсто).
Утре е слободен ден на ЕП, а возбудувањата продолжуваат задутре со полуфиналните дуели во Келн помеѓу Франција и Шведска односно Германија и Данска. Во предигра на овие две пресметки, Унгарија и Словенија ќе ги одмерат силите во битката за петтото место.