Хрватите не беа на своето ниво на првите две средби на Олимписките игри кога минимално ја победија Јапонија и загубија од Германија, но денеска тоа како да беше една нова репрезентација.
Хрватите водеа речисо во стекот на сите 60 минути, а во второто полувреме имаа и максимални шест гола разлика, 26-20. Коцкестите го имаа натпреварот под контрола, Германија само еднаш имаше водство, во воведните минути со 5-4.
Мартиновиќ со девет гола беше најефикасен, Шоштариќ и Циндриќ погодија по петтпати. Гола со осум гола беше најдобар кај Германија.
Хрватска и Германија сега имаат по две победи од три меча во групата А, додека Шведска, Шпанија и Словенија имаат по една победа и пораз, но и меч помалку. Последна е Јапонија со два порази.