Денеска се одиграа првите четвртфинални дуели во Лигата на нации.
Хрватска направи крупен чекор кон полуфиналето откако со 2-0 ја совлада Франција на Пољуд.
Хрватите можеа да поведат уште во осмата минута, но Крамариќ не реализираше пенал.
Во 26. минута Будимир донесе водство за Хрватска од 1-0, а пред крајот на првото полувреме Перишиќ со убав погодок зголеми на 2-0 што беше и конечен резултат.
Италија загуби на Сан Сиро од Германија иако водеше по првото полувреме.
Италијаните поведао со гол на Тонали уште во деветата минута. По четири минути игра во вториот дел Германија израмни со гол на нововлезениот Клеиндинст,на 15 минути до крајот на мечот Горецка даде гол за победа на Германците од 2-1.
Данска со гол на Хојлунд во 78. минута ја победи Португалија со 1-0. Данците во 24. минута промашија и пенал, не реализираше Ериксен.
Нерешено заврши мечот меѓу Холандија и Шпанија 2-2.
Шпанците поведоа во деветата минута со гол на Нико Вилијамс, во 28. минута изедначи Коди Гакпо.
По неколку секунди игра во второто полувреме Рејндерс даде гол за комплетен пресврт и водство на Холандија од 2-1.
Во 82. минута Хато заработи црвен картон, Холандија остана со играч помалку, а тоа го искористи Шпанија и со погодок на Мерино во 93. минута израмни на 2-2.