Тој оцени дека СДП е поразена на изборите, а дека нивниот премиерски кандидат, претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, го крши уставот.
„Им гарантирам дека нема да дојдат до 76 пратеници (парламентарното мнозинство)“, им кажа Пленковиќ на новинарите по седницата на партискиот врв во Загреб.
Тој повтори дека во тек се прелиминарни разговори со Татковинското движење и дека веќе разговарале со пратениците на националните малцинства, со кои ХДЗ и досега соработуваше во владата.
На прашањето за соработката со Татковинското движење, партијата која пред изборите остро ја критикуваше ХДЗ, Пленковиќ кажа дека „пред изборите е едно, а по изборите друго“.
Додаде и дека „од инат ќе формира 76 (мнозинство)“.