петок, 27 декември 2024

Хрватска: Пленковиќ тврди дека ќе состави парламентарно мнозинство за формирање нова влада

Техничкиот премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ изјави синоќа дека се во тек прелиминарни разговори со десничарското Татковинско движење за формирање парламентарно мнозинство и порача дека тој ќе состави нова влада, а не опозицијата на чело со Социјалдемократската партија (СДП).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој оцени дека СДП е поразена на изборите, а дека нивниот премиерски кандидат, претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, го крши уставот.

„Им гарантирам дека нема да дојдат до 76 пратеници (парламентарното мнозинство)“, им кажа Пленковиќ на новинарите по седницата на партискиот врв во Загреб.

Тој повтори дека во тек се прелиминарни разговори со Татковинското движење и дека веќе разговарале со пратениците на националните малцинства, со кои ХДЗ и досега соработуваше во владата.

На прашањето за соработката со Татковинското движење, партијата која пред изборите остро ја критикуваше ХДЗ, Пленковиќ кажа дека „пред изборите е едно, а по изборите друго“.

Додаде и дека „од инат ќе формира 76 (мнозинство)“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ