вторник, 21 мај 2024

Хрватска: Пленковиќ доби мандат за составување трета влада

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ му даде денес мандат за составување влада на претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и технички премиер Андреј Пленковиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„По предавањето 78 потписи на избрани пратеници во 11-от состав на Хрватскиот сабор, доверен ми е мандат за составување на хрватската влада. И во третиот мандат продолжуваме да работиме за доброто на Хрватска“, објави Пленковиќ на Икс.

Пленковиќ утринава му ги предаде на претседателот на државата потписите потребни за формирање влада во согласност со уставната процедура за давање мандат. По кратката средба во кабинетот на претседателот на државата, немаше изјави за новинарите.

Пленковиќ вчера соопшти дека ги има потребните 76 потписи од пратеници за составување на својата трета влада, откако ХДЗ договори формирање парламентарно мнозинство со десничарското Татковинско движење.

Со потписи на 61 пратеник на ХДЗ и 12 од 14-те избрани на листата на Татковинско движење, Пленковиќ со потписи го поддржаа и дел од пратениците на националните малцинства бидејќи тие две партии сами немаат доволен број гласови, 76, за формирање парламентарно мнозинство и влада.

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја свика првата седница на Саборот за четврток,16 мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ