среда, 23 октомври 2024

Хрватска му заплени јахта на руски бизнисмен, сега ѝ стигна тужба: бара 35 милиони евра отштета

Рускиот бизнисмен Алексеј Инкин поднесе тужба против Хрватска од која бара 35 милиони евра поради запленувањето на јахтата Ројал Романс во сопственост на Ланелиа холдингс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јахтата е блокирана во пристаништето во Трогир, на барање на украинското обвинителство, поради наводната поврзаност на пловилото со рускиот тајкун Виктор Медведчук, почнат и како кумот на рускиот претседател Владимир Путин, против кого во Украина се води преткривична постапка. Блокадата на јахтата е побарана за да се наплати наводна штета која ја предизвикал Медведчук.

Случајот е исклучително заплеткан и досега во хрватската јавност околу него се појавија различни информации. Се нагаѓаше, имено, дека станува збор за пловило блокирано во Хрватска  поради западните санкции против Русија, но адвокатите на Инкин тврдат дека јахтата е блокирана во рамки на процесот против Медведчук.

Украинското обвинителство, според адвокатите на Инкин, го обвинува Медведчук за велепредавство, односно за склучување скапи договори уште во 2015 година. Иако оваа истрага се води уште од 2016, судење уште нема, а во 2022 година украинското обвинителство го издало барањето за блокада на луксузната јахта која не е во сопственост на Медведчук.

Јахтата веќе две години е во Трогир, а Инкин тврди дека Хрватска немала причина да ја заплени.

Смета дека во изминатите две години е оштетен за повеќе од 35 милиони евра бидејќи незаконски му се ограничува сопственоста.

Јахтата, чија вредност се проценува на околу 130 милиони евра, морал да ја одржува и да плаќа место во трогирската марина, а не можел да ја изнајмува, како што планира. Трошокот надминал 35 милиони евра, колку што Инкин бара во тужбата против Хрватска.

Доколку јахтата ѝ биде предадена на Украина, адвокатите на рускиот бизнисмен најавуваат тужба против Хрватска во висина на проценетата вредност на јахтата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ