Податоците на хрватската даночна управа покажуваат дека во тој период во дејностите поврзани со туризмот се издадени фискални сметки во вредност од близу 7,3 милијарди евра, или 11,5 отсто повеќе од 2023.
Министерството соопшти дека во минатата година најголем дел од вкупниот број ноќевања, односно 103,3 милиони, се остварени на Јадранот, што е исто така еден отсто повеќе од 2023, додека континенталниот дел од земјата со повеќе од 2,7 милиони ноќевања е во плус од пет отсто, а отприлика истата бројка е забележана и во Загреб, што е шест отсто повеќе, јавуваат хрватските медиуми.
Најмногу ноќевања во минатата година остварени се вообичаено во јадранските жупании – во Истра 30 милиони, а следат Сплитско-далматинската со 20,7 милиони, Кварнер со 18,2 милиони, Задарската со 15,4 милиони, Дубровничко-неретванската со 9,1 милион, Шибенско-книнксата со 6,6 милиони и Личко-сењската жупанија со 3,4 милиони ноќевања.
Според дестинациите, најмногу ноќевања во минатата година се остварени во Дубровник, Ровињ, Сплит, Пореч и Умаг.