Словенија тргна фуриозно во овој меч, почнаа со 5-0 и уште во неколку наврати ја имаа предноста од пет разлика. Хрватска успеа некако да се стабилизира и на одморот замина со 15-15.
Словенија не се предаде лесно, до средина на второто полувреме беше израмнето или +1, а потоа почна доминацијата на домашната селекција. Со серија од 3-0, Хрватска отиде на 25-22, Словенците во повеќе наврати се доближија на два гола негатива, но до нов пресврт не дојде.
Главаш, Мартиновиќ и Шипиќ со по пет гола ја предводеа Хрватска, а исто толку на спротивната страна постигна Влах. Со овој триумф „коцкестите“ го освоија првото место во својата група и во четвртфиналето ќе играат со Унгарија. Извиси Исланд поради најслабиот биланс во кругот во кој се најдоа уште Хрватска и Египет.
Четвртфинални двојки на СП:
Франција – Египет
Хрватска – Унгарија
Данска – Бразил
Португалија – Германија