сабота, 19 октомври 2024

Хрватска го зголемува минималецот на 750 евра

Износот на минималната заработка во Хрватска од 1 јануари следната година ќе биде зголемен за околу 80 евра, од годинешните 670 на 750 евра или 15 отсто, одлучи хрватската влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новата минимална заработка ќе опфати 30 илјади луѓе повеќе отколку пред две години, пренесуваат хрватските медиуми.

Кога станува збор за бруто износот, тоа е раст од 840 на речиси 970 евра.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кажа дека во Хрватска денес 100 илјади луѓе примаат минималец и додаде дека целта на владата е да обезбеди подостоинствен живот на оние кои имаат најмалку.

Од друга страна, најновиот чекор во кревањето на минималната заработка ја следат коментари дека таа и понатаму е доволна само за да се покријат комуналиите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ