сабота, 27 јули 2024

Хрватска единствена од ЕУ не ја финансира агенцијата на ОН за палестинските бегалци

Само Хрватска во Европската Унија не ја финансира агенцијата на Обединетите нации за палестинските бегалци (УНРВА), која ги изгуби Соединетите Американски Држави и други земји како финансиери по тврдењата на Израел дека нејзини активисти биле вклучени во напади на Хамас на Израел. Тоа е агенција која главно доброволно се финансира од донации на држави членки на ОН и други организации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето дали Хрватска ќе ги суспендира плаќањата за УНРВА, Вечерњи лист добил одговор дека нема бидејќи никогаш не ја поддржувала таа агенција на ОН. Од сите држави членки на ЕУ, само Хрватска никогаш не ја финансирала агенцијата на ОН за помош на Палестинците.

До тој податок Вечерњи лист дошол со прегледување на финансиските извештаи на УНРВА од 2010 до крајот на 2022 година. Хрватска за тоа време само двапати, во 2014 и 2016 дала пари за специјални проекти, и тоа вкупно помалку од 150 илјади долари. Уште еднаш, на крајот на минатата година, во екот на хуманитарната криза, дала 250 илјади долари.

За споредба, само во 2022 година Германија, која е меѓу првите пет финансиери на агенцијата, ѝ дала повеќе од 202 милиони долари. Ако се земат предвид последните пет години, за кои има готови финансиски извештаи, Хрватска дала нула, а Германија речиси милијарда долари.

Генералното собрание на ОН ја формирало таа агенција во 1949 година за да им помогне на Палестинците кои биле приморани да ги напуштат своите домови со формирањето на Израел. Агенцијата речиси сите средства ги добива од донации на држави членки на ОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ