сабота, 19 октомври 2024

Хрватска брка полуфинале, Франција опстанок

Објавено на

часот

Сподели

Хрватска игра против Шпанија во последниот меч по распоред игра со Шпанија од 20.10 часот во салата „Спенс“ во Нови Сад, што е дерби на првото коло, со оглед дека „црвената фурија“, која е бронзена од последното СП, со три бода им дише во врат на „коцкестите“.

Светскиот првак Франција против аутсајдерот во групата Словенија (16.10) ја има последната шанса за да остане во игра за полуфинале, па сè освен победа би било рамно на трагедија за најдоминантната ракометна селекција во изминатава деценија.

Унгарија против Исланд од 18.10 часот го игра третиот меч, во кој Унгарците сигурно пред многубројни сопствени навивачи ќе се потрудат да се најдат само на чекор до полуфинале. Унгарците имаат три бода, колку и Шпанија, па денешното коло, може да понуди разврска во втората група од главната фаза на ЕП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ