сабота, 27 јули 2024

Хрватска бара казна за Србија бидејќи не ѝ воведува санкции на Русија

Притисоците врз Белград под итно да ѝ воведе санкции на Русија не ослабуваат, а повторно им се приклучил и официјален Загреб, објави Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што дознава српскиот дневник, на состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО во Брисел државниот секретар на хрватското министерство за надворешни работи Франо Матушиќ побарал Србија жестоко да се казни, за тоа што не се придружила на ембаргото против Руската Федерација.

Според Новости, тој го повторил хрватскиот став дека Србија не може да биде дел од европското семејство, ако не ја следи заедничката надворешна политика на Европската Унија и ако преку неа се врши „малигно влијание на Русија“ врз земјите од Западен Балкан.

Веќе подолго од две години траат притисоците врз Србија да се придружи на казнените мерки против Москва.

Политичкиот врв на Србија своевремено во заклучоците на Советот за национална безбедност ги наведе аргументите поради кои не сака да ѝ сврти грб на земјата со која има пријателски односи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ