недела, 20 октомври 2024
Неуспешен обид за враќање дома по инцидентите во Атина

Хрвати фатени на македонско-грчката граница, биле со комбе во кое имало палки и ножеви!

Објавено на

часот

Сподели

Дел од навивачите на Динамо Загреб кој беа во Атина и правеа инциденти имале неуспешен обид да заминат од Грција.

И покрај тоа што бегале до земјата, со нив во комбето во кое се возело ги понеле и палките и ножевите со кои им служеле како ладно оружје во инцидентите.

Хрватите во Грција влегле преку Албанија, а сега овие се обиделе да се вратат во татковината преку Македонија.

Но граничарите на Евзони откако виделе дека се работи за хрватски државјани кои патуваат со комбе, ги претресле, виделе дека носат шипки и ножеви, по што биле уапсени и однесени на распит во Солун.

По инцидентите во кои загина навивач на АЕК беа уапсени 98 лица од кои дури 84 биле Хрвати. Таа бројка се очекува да се зголеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ