петок, 18 октомври 2024

Хрват уапсен за учество во ликвидацијата на српскиот мафијаш во Бразил

42-годишниот Хрват Дарко Малиќ е уапсен поради сомнеж дека учествувал во ликвидацијата на припадникот на шкаљарскиот клан Дарко Гајслер Недељковиќ, неофицијално дознава српскиот портал Нова. Српскиот мафијаш е убиен во Сао Паоло во Бразил на 5 јануари, кога пред куќата во која живеел со жената и детето го застрелал непознат напаѓач.

Објавено на

часот

Сподели

Нова пишува дека Малиќ бил уапсен неколку часа по ликвидацијата поради вмешаност во криминална организација. Потврдено им е дека според податоците на бразилската Цивилна полиција Малиќ е еден од шефовите на групата. Според податоците на полицијата, агентите при претресот на куќата на Малиќ нашле дрога, мобилни телефони, прецизна вага, повеќе визит-карти на име Дарко Малиќ, како и хрватска лична карта на истото име.

Српскиот портал напоменува дека сè уште се истражува улогата на Малиќ во злосторството.

Убиениот Недељковиќ во Бразил користел лажен идентитет, Дејан Ковач. Бил мирен и повлечен, а работел во столарска работилница, раскажале соседите за бразилските медиуми. Во српските медиуми се шпекулираше дека Дарко Гајсер е убиен, откако му се изгубила трагата по убиството на Андрија Мрдак во Црна Гора во 2014, во кое учествувал.

Како што јавуваат бразилските медиуми, брзата помош успеала да му пружи помош, но доживеал кардиореспираторен застој и починал.

Гајсер е поврзуван со повеќе криминални групи во Србија и Босна и Херцеговина, а интересно е што никој не го пријавил неговото исчезнување.

Црногорската полиција наведе дека Дарко Гајсер Недељковиќ наводно бил директно вмешан и во ликвидацијата на Видак Воротовиќ од Никшиќ, а според сознанијата на српската полиција бил платен убиец на земунскиот клан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ