сабота, 27 јули 2024
Врие во Друштвото на писатели на Македонија

Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на ДПМ

Писателот Христо Петрески утрово преку писмено соопштение информираше дека поднел неотповиклива оставка од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од здравствени причини. Оставката на Петрески доаѓа откако минатиот петок седум писатели, членови на претседателството на ДПМ поднесоа оставки без при тоа да ги кажат причините за таквата одлука. 

Објавено на

часот

Сподели

„Најпрвин им благодарам на сите оние колеги – писатели кои со своите гласови ме избраа за претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Верувам дека во претходниот период на раководење со Друштвото на писателите на Македонија постигнавме доста, но има уште многу што треба да се сработи. Но, од здравствени причини сега јавно Ве известувам дека давам неотповиклива оставка на функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија и му посакувам многу среќа, здравје и успех на тој што ќе продолжи да го води Друштвото на писателите на Македонија кон обединување, континуитет и нови иницијативи и резултати“, наведува Петрески.

Оставката на Петрески доаѓа откако минатиот петок седум писатели, членови на претседателството на ДПМ поднесоа оставки без при тоа да ги кажат причините за таквата одлука. 

Веднаш потоа и писателот Бранко Цветкоски поднесе оставка.

„Поради непочитување и кршење на статутарните одредби на најголемата писателска организација во Македонија, поради приватизирање и манипулирање со тимското работење и колективниот одлучувачки капацитет на нејзиното претседателство, од страна на претседателот на ДПМ, со што се засили опаѓањето на угледот на асоцијацијата меѓу членството и натамошната деградацијата на писателското достоинство во националниот културен контекст, поднесувам неотповиклива оставка на моето членство во Претседателството“, наведе Цветкоски во писмениот допис до медиумите.

По ова, Петрески во целост ги отфрли, како што рече, сите невистини и инсинуации изнесени во јавноста од страна на членови на претседателството и дека ДПМ нема да биде заложник на лични пресметки.

Реагираа и писателите Иван Антоновски и Фросина Пармаковска.

Антоновски рече дека ДПМ е формирано за да се слушне, а не пригушува гласот на писателите, а Пармаковска побара „вонредни избори за спас на ДПМ“.

 

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ