сабота, 27 јули 2024

Храна и лекови, до грчките села погодени од поплавите, се доставуваат со беспилотни летала

До селата во Грција, до кои не може да се стигне по копно по разорните поплави, храна и лекови се доставуваат со беспилотни летала.

Објавено на

часот

Сподели

Во септември Грција се соочи со две разорни поплави кои зафатија бројни места.

Според грчката државна новинска агенција АМНА, транспортот сè уште не е возможен до некои села во регионот Музаки кај Трикала, една од провинциите најтешко погодени од поплавите.

Општина Димос во соработка со тимот на Цивилна заштита со беспилотни летала ги достави потребните лекови и храна до непристапните села.

Одроните предизвикани од поплавите затворија многу рурални патишта.

Грчкиот регион Тесалија на крајот на септември по втор пат за еден месец беше погоден од поплави. На подрачјето на Тесалија беа поплавени куќи, деловни објекти, земјоделско земјиште и патишта, особено во Волос, Пили, Лариса и Фарсала.

Многу патишта се затворени за сообраќај поради одрони. Поради обилните врнежи голем дел од Волос остана без струја. Повторно беше поплавена и болницата во Волос, а граѓаните беа предупредени да не излегуваат од домовите.

Најмалку 17 лица загинаа во катастрофалните поплави што на почетокот на истиот месец го зафатија регионот на Тесалија.

Тогаш беа поплавени повеќе од 750.000 хектари земја, а населените места, земјоделските површини и инфраструктурата во регионот беа сериозно оштетени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ