„Заклучно со 8 август, во Македонија се регистрирани вкупно 1.001 случај на голема кашлица, со инциденца од 54,5/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи“, пишува во извештајот.
Од вкупниот број на заболени лица – 1001, кај 994 биле регистрирани симптоми, додека болеста кај седуммина била во асимптоматска форма.
„Од вкупниот број на регистрирани случаи, 627 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани – 278, просек на поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 13 години“, се додава во извештајот.