сабота, 27 јули 2024

Холовеј со спектакуларен нокаут го победи Гејчи, Переира брзо го совлада Хил (ВИДЕО)

Јубилејното 300. издание на УФЦ ги надмина очекувањата, а она за кое се зборува е нокаутот кој го изведен Макс Холовеј во борбата со Џастин Гејчи.

Објавено на

часот

Сподели

Холовеј и Гејчи се бореа за „БМФ“ појасот, што во слободен превод може да се каже како најголем „кучкин син“ во светот.

Во финишот од последната рунда, Холовеј го покани Гејчи во средината на кафезот, на отворена борба, да покажат што им останало од репертоарот.

Гејчи го прифати предизвикот и по серија од повеќе удари на двете страни, на секунди пред крајот Холовеј го изведе завршниот удар, по едно разорно десно кроше Гејчи падна како покосен. Ова беше еден од најспектакуларните нокаут во историјата.

Во мечот за титулата во полутешка категорија, Бразилецот Алекс Переира во првата рунда го нокаутираше американскиот борец Џамал Хил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ