петок, 18 октомври 2024

Холивуд во Мароко

Објавено на

часот

Сподели

Како дел од децентрализираната соработка меѓу Мароко и Соединетите Американски Држави, овој договор беше потпишан од страна на претседателот на Градскиот совет, Мулај Хамди Улд Ерашид и градоначалникот на градот Холивуд во Флорида, Џош Леви, во централното седиште на општината Лајоун, во присуство на избрани претставници на двата града.

Според двете страни, овој договор отвора ветувачки перспективи за консолидација на партнерските врски во различни сектори кои ги вклучуваат туризмот, животната средина, култура, уметност, академско истражување и одржливиот развој, во продолжение на споделувањето на експертизата и зајакнувањето на соработката.

Овој договор на главниот град на мароканската Сахара ќе овозможи меѓународно влијание и можности за партнерство кои можат позитивно да придонесат за неговиот социо-економски развој. Овој договор го означува почетокот на поблиските односи меѓу двата града на економски и културен план, рече Леви на крајот од церемонијата на потпишувањето на овој договор за збратимување.

За време на нивниот престој во Лајоун, претставниците на САД имаа теренски посети на неколку завршени или тековни проекти, каде што имаа прилика да ги видат напорите направени со цел да се обезбеди сеопфатен и интегриран развој на регионот.

Леви изјави дека е импресиониран од квалитетот на инвестициите и образовната инфраструктура, спортот, социо-економската и здравствената ситуација во Лајоун, пофалувајќи ги напорите направени од страна на Регионалниот и Комуналниот совет на Лајоун во спроведувањето на проектите.

Градоначалникот на градот Холивуд во Флорида, исто така изрази желба за дополнително консолидирање на билатералните односи, преку размена на посети на делегации од двата града. Тој истакна дека приоритетните сектори во Лајоун и Флорида се слични и комплементарни, особено акцентирајќи ги секторите на воздухопловството, земјоделството и образованието. Во таа смисла тој повика на блиска соработка меѓу бизнисите во Холивуд и Лајоун, за да се создаде бенефит од можностите за инвестирање во двата града.

Од своја страна, Улд Ерашид истакна дека овој договор, кој следи по одлуката на Вашингтон да го признае суверенитетот на Мароко над неговиот дел од Сахара, има за цел да ја продлабочи билатералната соработка во различни области. Тој исто така изрази подготвеност за воспоставување взаемно корисни односи во сите сектори од заеднички интерес со американскиот град. По тој повод беше прикажан институционален филм кој ги истакнува потенцијалите и расположивите средства на двата града.

Членовите на делегацијата присуствуваа на презентација за развојната програма на општината Лајоун која ги покрива различните развојни проекти регистрирани според новиот развоен модел на јужните провинции, отпочната од страна на кралот Мохамед VI во 2015 година.

Треба да се потенцира дека американската делегација го посети Регионалниот инвестициски центар каде присуствуваше на презентации за социо-економскиот потенцијал, различните завршени и тековни проекти, како и можностите за инвестирање во регионот.

Тие исто така ги посетија и женскиот општински клуб, Олимпискиот базен и спортското село, како и проектите поврзани со изградбата на Медицинскиот факултет, Градот на трговијата и вештините и Универзитетската болница, како и Африканскиот институт за истражување на одржливото земјоделство и пристаништето за фосфати во Фум Ел Уед.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ