сабота, 27 јули 2024

Холандски турист заврши на хирургија по скокање во водите на Охридското Езеро

Центарот за управување со кризи информира дека турист од Холандија удрил во камен во водите на Охридското Езеро и со повреди на главата е пренесен во охридската болница.

Објавено на

часот

Сподели

Повредениот турист со кајче бил пренесен до пристаништето на хотел Александрија во Охрид, а потоа со возило на итната медицинска помош бил транспортиран во болницата во Охрид.

На одделот за хирургија во болницата било утврдено дека туристот е надвор од животна опасност, велат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ