петок, 26 јули 2024

Холандија забранува посвојување деца од странство

Холандија повеќе нема да им дозволува на своите граѓани да посвојуваат деца од други земји, изјави денеска холандскиот министер.

Илустрација: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за правна заштита Франк Веервинд додаде дека започнатата постапка сепак ќе продолжи.

Во текот на изминатиот половина век, холандските родители посвоиле околу 40.000 деца од 80 земји. Практиката е намалена во последниве години на само 145 посвојувања во 2019 година и на само 70 во 2020 година за време на пандемијата ковид-19, според податоците од независниот тинк-тенк Холандскиот институт за млади.

Помеѓу февруари 2021 и ноември 2022 година, холандската влада веќе де факто ги прекина посвојувањата од странство.

Овие практики се на мета на критики бидејќи повеќе возрасни лица кои биле посвоени како деца почнале да ги истражуваат своите корени и често откривале дека нивните документи за раѓање биле фалсификувани или изгубени или дека нивното посвојување било нелегално.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ