сабота, 27 јули 2024

Холандија во период од 12 часа остана без двајца важни фудбалери од средниот ред

Селекторот на „лалињата“ Роналд Куман доби лоши вести на неколку дена пред почетокот на Европското првенство, од комбинација отпаднаа Френки де Јонг и Тон Копмајнерс.

Објавено на

часот

Сподели

Холандија одлично ги одработи подготовките за континенталниот собир во Германија, со 4-0 славеше против Канада, а потоа со 3-0 го совлада Исланд.

Но Роналд Куман не може целосно да биде задоволен откако во период од 12 часа остана без двајца важни фудбалери од средниот ред.

Доцна синоќа беше објавено дека поради повреда од комбинација отпаѓа Френки де Јонг, за кого Роналд Куман беше подготвен да се коцка, и да го остави во тимот доколку има шанси да игра во нок-аут фазата.

Сепак, играчот на Барселона нема да се рехабилитира ниту до тогаш, па на негово место е повикан левиот бек Јаб Матсен, кој вториот дел од сезоната го играше на позајмица во Борусија Дортмунд.

Попладнево пристигна и информација дека во Германија нема да патува и Тон Копмајнерс, кој вчера на загревањето пред мечот со Исланд се пожали на болки во препоните.

Повредата не е наивна, па и тој ќе го пропушти Европското првенство.

Во моментов не е повикана замане за Тон Копмајнерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ