Петтата економија по големина во еврозоната забележа пад во второ тромесечје по ред, откако падна за 0,4 отсто во првите три месеци оваа година.
Холандскиот економски раст во 2021 и 2022 изнесуваше блиску до 6 отсто, поради опоравувањето од падот предизвикан од ковид-19.
Првата рецесија по пандемијата ја предизвика падот на личната потрошувачка и извозот, поради високата инфлација која ја поскапе храната и ги крена сметките за енергија во Холандија и нејзините трговски партнери. Потрошувачката падна за 1,6 отсто, а извозот бил помал за 0,7 отсто отколку во првите три месеци оваа година.
Инфлацијата во Холандија успорува откако во септември минатата година го достигна врвот од 14,5 отсто, но и понатаму остана на релативно високи 6 отсто во второто тромесечје на 2023.