сабота, 27 јули 2024

Холандија: Украина може да напаѓа цели во Русија со нашите борбени авиони

Министерката за одбрана на Холандија Кајса Олонгрен му порача на Киев слободно да ги користи борбените авиони Ф-16 што земјата има намера да ги донира на Украина за напади врз цели во Русија. Имено, Холандија планира да испрати 24 борбени авиони Ф-16 во Киев.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Олонгрен во интервју за Политико рече дека Холандија нема да воведе ограничувања за користење на авионите, како што е случајот со Белгија, каде премиерот Александар Де Кро го предупреди Киев да не ги користи нивните Ф-16 во рускиот воздушен простор.

„Нема ограничувања во белгиски стил. Кога ќе ги предадеме авионите на Украина, тие можат да ги користат. Само бараме од нив да го почитуваат меѓународното право и правото на самоодбрана како што е наведено во Повелбата на ОН, што значи нивно користење за одредени воени цели за самоодбрана“, рече Олонгрен.

Олонгрен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин беа меѓу високите претставници кои се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски на конференција во Сингапур во неделата.

Олонгрен ќе се повлече од функцијата министер за одбрана откако новата екстремно десничарска влада ќе положи заклетва. Таа рече дека се надева оти новата влада ќе продолжи да ги поддржува НАТО и Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ