Финалето во регуларниот дел заврши нерешено беше 16-16. Потоа Французите дадоа кош и поведоа со 17-16, а пред самиот истек на времето, Ворти де Јонг погоди двојка за победа на Холандија од 18-17 и златен медал од Олимписките игри.
Netherlands wins the GOLD medal against France in 3×3 men… with this amazing shot by Worthy De Jong (@BeWorthy)
🤯🤯🤯🤯🤯#3x3Basketball #Basketball3x3 #basketball #Netherlands #Holland #gamewinner #france #buzzerbeater
— Matteo Andreani (@matty_vanpersie) August 5, 2024
За Холандија ова е прво злато во историјата, сметајќи ги сите манифестации, а досега најголем успех ѝ беше второто место на светските првенства во 2017 и 2018 година. Бронзениот медал го освои Литванија која ја победи Летонија со 21-18, а најголемо разочарување е Србија која испадна во четвртфиналето.