Турција имаше водство, а имаше и многу шанси за гол откако Холандија направи пресврт и дојде во позитива, Турците има зошто да жалат, а Холанѓаните се тие кои се радуваат на место меѓу најдобрите четири.
Натпреварот тргна идеално за Турција, во 35. минута по нафрлување од Ѓулер, Акајдин даде гол за водство на Холандија од 1-0.
Турците ја чуваа предноста до 70. минута кога Де Вриј даде гол за израмнување на 1-1. Шест минути подоцна Мулдур си постигна автогол за комплетен пресврт и водство на Холандија од 2-1.
Во самиот финиш од натпреварот Турција нападна жестоко, се редеа шанси пред голот на Холандија, беа тоа идеални прилики за израмнување, но голманот Вербруген бранеше на високо ниво и на крајот испадна херој за својата селекција.
Холандија во полуфиналето ќе игра против Англија.