сабота, 27 јули 2024

Холандија ѝ подарува на Украина авиони Ф-16 со порака дека можат да ги користат за гаѓање мети во Русија

Холандија им подарува 24 ловци Ф-16 на украинските воздухопловни сили за да ги користат за мети во Русија, изјави министерката за надворешни работи на Холандија Ханке Бруинс Слот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа за холандските медиуми истакна дека за оваа одлука не е потребно одобрување од Соединетите Американски Држави, а употребата на авионите не е ограничена на границата во близина на Харков, како во случајот со американското оружје.

Авионите Ф-16 се од американско производство, па Соединетите Американски Држави имаат влијание врз одлуките за нивна употреба, и долго ја стопираа испораката на Ф-16 во Украина.

„Но, ограничувањата за тоа каде Украина може да ги користи никогаш не биле предмет на разговори“, кажа Бруинс Слот.

Министерката во заминување ги демантираше претходните извештаи дека САД треба да ја одобрат испораката на овие ловци.

Украина очекува да добие 30 белгиски Ф-16, но смее да ги користи само против цели на територијата на Украина, бидејќи тоа е условот на Белгија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ