сабота, 27 јули 2024

Хјундаи ионик 6 е светски автомобил на годината

Објавено на

часот

Сподели

Хјундаи ионик 6 е избран за Светски автомобил на годината 2023, додека зад него се пласираа киа ниро и БМВ икс1.

Освен тоа, ионик 6 ја освои и наградата за автомобилски дизајн на годината и светски електричен автомобил, додека шефот на дизајн на Хјундаи и Џенесис Сангип Ли стана Светска личност на годината во автомобилската индустрија.

Ова е втора година по ред Хјундаи да ја освои вкупната награда за Светски автомобил на годината, по успехот на ионик 5 минатата година.

Киа ЕВ6 ГТ е избрана за светски спортски автомобил, пред тојота корола ГР и нисан зи.

Останатите победници на изборот за 2023 се ситроен Ц3 кој е најдобар во категоријата светски градски автомобил и целосно електричниот лусид ер во категоријата светски луксузен автомобил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ