сабота, 27 јули 2024

Хјуман рајтс воч наведува дека Бугарија пушта полициски кучиња на бегалците од Блискиот Исток

Објавено на

часот

Сподели

Мигрантите пријавувале дека полицијата ги тепала, ограбувала и ги соблекувала, наведува ХРВ.

„Бугарските власти брутално и по кратка постапка ги протеруваат мигрантите и азилантите преку копнената граница со Турција“, кажа претставничката на ХРВ задолжена за бегалци и права на мигрантите Мишел Рандава.

Истакна дека Европската Унија мора да обезбеди Бугарија веднаш да ги сопре нелегалните и нехумани протерувања на своите граници и да им овозможи на барателите на азил пристап до фер постапка за добивање азил.

Бугарската влада не реагираше на извештајот на ХРВ, но функционери претходно го негираа малтретирањето на мигрантите.

ХРВ интервјуирале 15 Авганистанци од ноември до април кои навеле дека се „жртви на протерувања на бугарските власти од Бугарија во Турција“.

Бугарското министерство за одбрана во ноември соопшти дека распоредило војска и воени возила долж границата со Турција за да ѝ помогне на полицијата да се избори со големиот број бегалци кои се обидуваат да влезат во земјата.

Бугарија се наоѓа на „балканската рута“ која бегалците од Блискиот Исток и Авганистан ја користат за да стигнат до Западна Европа.

Речиси никој од нив не сака да остане во најсиромашната држава на Европската Унија, а Бугарија ја користат само за транзит кон западот, пишува Асошиејтед прес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ