вторник, 22 октомври 2024
Изјава на портпаролот на Вреди

Хисени: ДУИ жали затоа што се изјалови екстрадицијата на Рамадани на Србија

Портпаролот на коалицијата Вреди, Фари Хисени изјави дека опозициската ДУИ жали затоа што не им успеа планот преку нивен обвинител Блерим Рамадани да биде вратен во притвор и екстрадиран во Србија

Објавено на

часот

Сподели

„ДУИ се вознемири бидејќи не им успеа екстрадицијата на Блерим Рамадан во Србија
Функционерите на ДУИ не можат да го сокријат разочарувањето од пропаднатиот план, според кој, по налог на нивниот познат обвинител, во притвор требаше да биде вратен поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, кој потоа со негова помош ќе беше екстрадиран во Србија.

Револтирани од овој нереализиран план, но и длабоко депресивни од деструкцијата што им се заканува во опозиција, ДУИ – соработниците на КОС, се обидуваат да ја фрлат вината таму каде што не ѝ е место. Кај вас е вината и ќе одговарате за сите монтирани случаи, неправди и стоирени криминали“, изјави Хисени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ