петок, 26 јули 2024

Хирургија не функционира 15 дена, државата е парализирана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Петнаесетти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„15 дена ниту министерот за здравство Илир Демири, ниту власта во заминување на СДС и ДУИ не преземаа ниту еден чекор за решавање на проблемот на Хирургија. СДС и ДУИ се 7 години на власт и не преземаа ништо за да се санира Хирургија во целост. Наместо инвестирање во Хирургија СДС и ДУИ 7 години бркаа матни тендери во здравството, провизии од вакцини, трговија со терапија за рак, а пациенти добиваа физиолошки раствор. 7 години здравството пропаѓа. Состојбата на Хирургија е последица на негрижата и криминаллт на СДС и ДУИ. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ