сабота, 27 јули 2024

Хирошима: Лидерите на Г7 положија венци, на самитот ќе присуствува и Зеленски (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Потоа, официјалните лица застанаа во ред, со наведнати глави, оддавајќи им почит на 140.000 луѓе кои загинаа при нападот и неговите последици.

На самитот во Хирошима, главен фокус на лидерите на земјите-членки ќе биде војната во Украина, а на самитот ќе присуствува лично и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во недела ќе пристигне во Хирошима, јавува Ројтерс.

Пред почетокот на самитот во близина на местото каде што се светските лидери се одржа и антивоен протест.

Учесниците на протестот скандираа „Не на самитот. Не на војната“, јавува Би-би-си.

 

 

Претходно беше објавено дека САД и другите членки на Г7 на самитот во Хирошима ќе презентираат нови санкции и мерки за контрола на извозот насочени против Русија поради војната во Украина.

Се очекува Велика Британија да објави забрана за продажба на руски дијаманти и увоз на бакар, алуминиум и никел.

Дополнително, Лондон ќе воведе санкции против 86 лица и компании од рускиот воено-индустриски комплекс, како и оние кои се вклучени во енергетската и металната индустрија.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека и Европа ќе ја ограничи продажбата на руските дијаманти.

Најновиот пакет американски санкции ќе вклучува „обемни ограничувања за категориите стоки кои се критични за бојното поле“, како и спречување на околу 70 субјекти од Русија и трети земји да примаат извоз од САД со нивно додавање на црната листа на американското Министерство за трговија.

Покрај тоа, САД ќе воведат околу 300 нови санкции насочени против поединци, ентитети, бродови и авиони и „финансиски олеснувачи“, наведува британската агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ