сабота, 27 јули 2024

Хипнотичен и префинет настап на Фолтин во Тирана

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од КИЦ, „Cloud“ фестивалот, вообичаено се одржува секој мај во центарот на градот. Трае еден месец и на него настапуваат повеке од 600 артисти од повеќе земји.

„Нивниот настап започна хипнотично и мирно, спокојно. Како да се составија во едно, лилјаковото небо над Тирана, музиката на Фолтин и публиката. Песните се редеа една за друга од сите нивни албуми. Фолтин звучеа префинето и светски. На крајот, публиката стана и започна да игра. Токму кога се очекуваше крај на концертот, тој како да започна уште еднаш. Следеа половина час каде што публиката играше и покажуваше големи емоции кон нашите музичари и нивната музика. Прекрасен концерт на Фолтин, кој беше следен од мнозина тиранчани, дипломати, професори на француското училиште во Тирана, како и дел од учесниците на „Берлинскиот процес“, наведува во соопштението директорот на КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански.

Лани, на фестивалот во Тирана настапи бендот, „Љубојна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ