сабота, 21 декември 2024

Хилари Клинтон: Да се уапсат сите Американци кои шират дезинформации (ВИДЕО)

Поранешната шефица на американската дипломатија и претседателска кандидатка на демократите Хилари Клинтон повика на цензура и апсење на сите кои, според неа, шират дезинформации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Клинтон, која изгуби на претседателските избори во 2016 година и за поразот ја обвини Русија поради „поддршката“ на Доналд Трамп, кажа за Ем-ес-ен-би-си дека Американците „вмешани во пропаганда“ треба кривично да се гонат.

„Мислам дека е важно да се обвинат Русите, токму како што (специјалниот обвинител Роберт) Милер обвини многу Руси кои учествувале во директно мешање во изборите и поттикнување на Трамп уште во 2016 година“, кажа таа.

„Но исто така мислам дека има Американци кои се бават со ваква пропаганда. Но дали би требало да бидат граѓански или дури во некои случаи кривично гонети е нешто што би било подобро одвраќање, бидејќи малку е веројатно дека на Русите, освен во мал број случаи, некогаш ќе им биде судено во Соединетите Држави“, додаде Хилари Клинтон.

Истрагата на Милер не најде никакви докази за наводната вмешаност на Москва во претседателските избори во САД, иако тоа е теза која актуелната (демократска) администрација повторно ја форсира пред изборите во ноември.

„Еве ја Хилари Клинтон, која повикува на граѓански и кривични казни за говор со кој не се согласува. Но зошто да се сопре со затворање на своите противници? Хилари повикува на цензура, но таа всушност повикува на насилство“, ја коментира изјавата на поранешната прва дама на САД кандидатот на Трамп за потпретседател Џеј Ди Венс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ