сабота, 27 јули 2024

Хигиеничарка од бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала за добивање пасоши, Габриел вели нема докази за тоа

Извесна Весна Котевска, вработена како хигиеничарка во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала македонски граѓани кои имале поднесено барање за добивање бугарско државјанство, објави денеска њуз.бг. Интернет поратлот наведува дека таа имала пристап до целокупната архива во конзулатот.

Фото: битола.инфо

Објавено на

часот

Сподели

Според интернет порталот, ова го открил пратеникот Ангел Георгиев од партијата Преродба, според кој, многу барања за добивање државјанство биле одбиени.

На пратеничко прашање упатено од Георгиев до бугарската вицепремиерка Марија Габриел, таа одговорила дека се констатирани застрашувачки прекршоци во конзулатот во Битола.

По налог на Габриел, пишува интрнет порталот, била извршена контрола која покажала системски прекршувања во работаата на бугарскиот конзулат во Битола.

„Таа повеќе нема пристап до архивата во конзуларното претставништво. Немаше докази дека таа правела интервјуа за бугарско државјанство. Сепак, откриените прекршувања се недозволиви“, категорично изјавила Марија Габриел одговарајќи на пратеничкото прашање на Ангел Георгиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ