сабота, 21 декември 2024

Хезболах со ракети ја проби израелската воздушна одбрана на север

Ракетите на Хезболах го погодија третиот по големина град во Израел Хаифа соопшти израелската полиција, а израелските медиуми објавија дека 10 лица се повредени на северот на земјата. Хезболах соопшти дека гаѓал воена база јужно од Хаифа со проектил Фади 1. Медиумите известуваат дека две ракети паднале во Хаифа на медитеранскиот брег, а пет паднале во Тиберија, 65 километри подалеку.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата соопшти дека се оштетени неколку згради и имоти, а има пријави за полесни повреди и дека луѓето се пренесени во болница. Израелската војска соопшти дека воени авиони погодиле цели на разузнавачкиот штаб на Хезболах во Бејрут, вклучително и средства за собирање разузнавачки информации, командни центри и дополнителни инфраструктурни локации.

Во текот на изминатите неколку часа, во воздушни напади погодени се магацини за оружје на Хезболах во областа Бејрут, соопшти војската, истакнувајќи дека по нападите биле идентификувани секундарни експлозии, што укажува на присуство на оружје.

Во воздушните напади, исто така, се погодени цели на Хезболах во јужен Либан и во областа Бека, вклучувајќи складишта за оружје, инфраструктурни локации, команден центар и лансер, соопшти војската.

Таа го обвини Хезболах дека намерно ги става своите командни центри и оружје под станбени згради во срцето на градот Бејрут и го загрозува цивилното население.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ