сабота, 27 јули 2024

Хезболах: Подготвени сме да ја водиме секоја војна што ќе ни се наметне

Либански Хезболах не сака да го прошири конфликтот со Израел, но е подготвен да ја води секоја војна што ќе му се наметне, изјави за Ал џезира заменик-лидерот на Хезболах, Шеик Наим Касем, додека продолжуваат судирите и непријателствата на либанско-израелската граница.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Групата Хезболах, поддржана од Иран, разменува оган долж границата со Израел во последните осум месеци, паралелно со војната во Газа.

Меѓународната заедница стравува дека би можел да избие уште поширок конфликт меѓу тешко вооружените противници.

Насилството кое тлее со месеци, ескалираше последниве денови. Хезболах во вторникот објави дека втор ден по ред лансирал ескадрила дронови кон израелската војска, нарекувајќи го овој потег одговор на смртоносниот израелски напад врз Либан. Заменик-лидерот на Хезболах, шеикот Касем Ал-Џазири, рече дека намерата на групата не била „да ја прошири војната“, туку да се бори ако конфликтот биде наметнат. Ова е најголемиот конфликт меѓу Израел и Хезболах откако тие влегоа во војна во 2006 година, а десетици илјади луѓе од двете страни на границата беа принудени да ги напуштат своите домови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ